До крајот на наредната или почетокот на 2015 година Македонија ќе добие берза на струја. Првиот чекор за нејзино формирање ќе биде либерализацијата на енергетскиот пазар што стартува на 1 април 2014 година, кога над 200 компании сами ќе бираат од каде, под какви услови и од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија. Овие две новини според директорот на АД-МЕПСО, Синиша Спасов значат влез на Македонија во нова фаза во реформата на пазарот на електрична енергија. Тој информира дека со поддршка од Владата се разгледуваат опциите за формирање на берзата, преку анализа на спецификите на нашиот пазар и на електроенергетскиот систем, за да се види што треба да се измени или да се прилагоди.
До крајот на наредната или почетокот на 2015 година Македонија ќе добие берза на струја. Првиот чекор за нејзино формирање ќе биде либерализацијата на енергетскиот пазар што стартува на 1 април 2014 година, кога над 200 компании сами ќе бираат од каде, под какви услови и од кого ќе се снабдуваат со електрична енергија.
Овие две новини според директорот на АД-МЕПСО, Синиша Спасов значат влез на Македонија во нова фаза во реформата на пазарот на електрична енергија. Тој информира дека со поддршка од Владата се разгледуваат опциите за формирање на берзата, преку анализа на спецификите на нашиот пазар и на електроенергетскиот систем, за да се види што треба да се измени или да се прилагоди.
- Целата што сакаме да ја постигнеме е да се создадат услови сите учесници на пазарот да имаат право на избор од кого и под какви услови да се снабдуваат со електрична енергија. Треба да формираме берза со транспарентен ценовен сигнал за сите учесници на пазарот, формиран како резултат на понудата и побарувачката - изјави Спасов на првата конференција за берза на електрична енергија во Македонија,
Берзата на електрична енергија нема да влијае на намалување или зголемување на цената на струјата, туку ќе ја обелодени нејзината вистинска вредност, информира Анже Предовник, директор на БСП "Саут Пул", Берза за електрична енергија на Република Словенија, која е формирана во 2008 година, како прва во регионот.
- Берзата не ја поевтинува и поскапува струјата. Берзата на транспарентен начин кажува каква е цената на струјата. Таа не зафаќа голем обем на тргување во државата, но за тој обем транспарентно ја кажува цената за разлика од билатералната трговија, каде цените не се јавно објавени - вели Предовник.
Македонскиот пазар, објаснува тој, е многу сличен со словенечкиот по конзумот и по големината. Тоа што Македонија е на многу значајна географска локација меѓу Албанија, Бугарија, Србија, Косово и Грција, каде што се сите важни текови на струјата, ни дава можност да формираме берза и да станеме значаен регионален центар за берзанска дејност. Словенечката берза во 2011 година со италијански партнер го покренала проектот за спојување на пазарите, што на словенечкиот пазар донело ликвидност и овозможило да се формира меѓународно признаен и транспарентен индекс на словенечката цена на струјата. На таа берза преку посредници се тргува и со струја произведена во Македонија, а се извезува во Италија.
Дирекоторт на МЕПСО вели дека во Македонија сега конечно се создаваат предуслови за формирање на берза, а прв чекор е либерализацијата на пазарот на електрична енергија за која има акционен план. На првата конференција за берза на електрична енергија во Македонија која се одржа вчера беа согледани предизвиците со коис е соочуваат Србија и Бугарија, како и искуствата од работењето на словенечката берза